Наместо со 150 вработени за односи со јавноста, Владата со софтвер ќе следи кој новинар што напишал за неа, а тоа ќе го платат граѓаните
Владата и министерствата имаат ангажирано најмалку 150 лица за пиар, односи со јавност и комуникации, од кои 40-тина се во службите на Генералниот секретаријат во Владата и во Кабинетот на претседателот на Владата.
Но, ниту овие 150 лица не и се доволни на сегашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги анализираат вестите, истражувањата и сториите кои се однесуваат за работата на сите владини министри, агенции и тела, па Владата распиша тендер преку кој ќе се бара компанија која ќе може да изработи софвтер кој автоматски ќе следи какви вести ќе се објавуваат во медиумите.
Се работи за „прес-клипинг “софтвер, кој веќе постои во светот но, Владата сака да го има во свој посед. Од него, преку извештаи, Владата, министерствата и други државни институции ќе се информираат што новинарите пишуваат за нив и сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите.
Сепак, во тендерските критериуми огласот е спакуван како „софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните мрежи.
…