Напад врз автобус во Ерусалим, осум лица се повредени

Вооружен маж отвори оган кон автобус во близина на Стариот град во Ерусалим рано утринава и рани осум Израелци.

Локални медиуми пишуваат дека постои сомнение дека извршителот е Палестинец. Две од жртвите се во тешка состојба.

Оган бил отворен кон автобусот додека чекал на паркинг во близина на Западниот ѕид, кој се смета за најсвето место каде Евреите можат да се молат.

Набргу потоа, осомничениот за нападот во Ерусалим и се предал на полицијата, која засега не соопштува детали за неговиот идентитет.

Нападот уследи по тензиите меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа и Западниот Брег.

 

 

Back to top button
Close