Тренер нападнал судија на одбојкарски натпревар

На 05.03.2021 година, при одигрување одбојкарски натпревар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Е. (46) од Кичево, тренер на домашната екипа врз вториот судија П.С. (58) од Тетово. Натпреварот е прекинат, а напаѓачот е повикан во полициска станица и против него во согласност со Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close