Насилни демонстранти фрлаа димни бомби, петарди и шишиња кон полицијата пред Собранието, повредени двајца полицајци

 

Ситуацијата за време на протестот што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам” вечерва пред ескалираше Собранието.

Како што јавуваат репортерите на МИА од теренот, кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда беа фрлени димни бомби, петарди и шишиња. За МИА од МВР потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.

На собирот се појавија лица со „фантомки” кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат.

 

Неофицијално учесниците на протестот фатиле двајца од нив, но не им дозволуваат на медиумските работници да се доближат.

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

Протестот досега беше мирен и без инциденти. Учесниците на протесто претходно запалија транспарент со фотографии на пратеници на кој пишуваше „предавници”.

 

Протесниот марш почна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа ружи пред полицијата и потоа продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег” на влезот во Старата скопска чаршија дојде до екцес меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close