Наутро студено, попладне топло

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 17 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.

Back to top button
Close