“Не ги пуштам, прво ЕВН да платат, објектот е мој, си го купив: Кастиљо за БИРН за топланата на Водно
фОТО Бирн
Во телефонскиот разговор за Бирн Алан Кастиљо рече дека решил да не ги пушта екипите на ЕСМ таму затоа што „тоа е мое, приватен имот“. Тој додаде дека навреме ги информирал ЕСМ „да дојде и да си ги среди работите“, односно да плати наем за користење на сега веќе неговиот приватен објект, слично како што телефонските оператори А1 и Телеком му плаќале за поставените станици.
„Нека дојдат, нека си платат и ќе ги пуштиме“, вели Кастиљо во разговорот, јавувајќи се, како што рече, од Јужна Америка.
Според податоците на Централен регистар, Кастиљо бил единствениот понудувач и го купил имотот за двојно пониска цена од првично предвидената – наместо за 20, за 10 милиони денари. Од април годинава, неговото сопствеништво е заведено и во Катастарот на недвижности.
Невена Димковска, кај која Ангел Кастиљо нѐ препрати како негова помошничка за да ни обезбеди повеќе детали, рече дека од ЕСМ бараат и писмена потврда за да им дозволат да влезат.
„И господинот Кастиљо живее на Водно и неговото дете оди во „Кочо Рацин“, каде што нема парно. Знаеме дека е проблем, но вината е кај ЕСМ“, вели Димковска.
Од таму, пак, на прашањата што произлегоа од ваквите обвинувања без конкретен одговор.
„ЕСМ Дистрибуција на топлина, посветено и интензивно работи на решение на прекинот на испораката кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок“.
Но, додека ЕСМ се обидува да го реши актуелниот проблем, Кастиљо прави планови за уривање на објектот. Тој вели дека чекал да помине зимава за да не ги оштетел соседите со греење, па потоа планирал да ја урне топланата и да гради нешто
Целиот текст ТУКА