Не ни треба Европа, со азијати во нејзините пазуви!?

Може секој да каже дека Тито, оној од Кумровец (не оној од Псача!), бил комунистички диктатор. Захариева никако. Таа знае дека живееше и живее во земја со најтврда комунистичка диктаттура, со диктатор најсервилен кон столицата на комунизмот – МоскваТодор Живков, чиј телохранител денеска е нејзин шеф, претседател на бугарската влада.

Еден, типичен бугарски виц: кога Тодор Живков, порачувал, договарал радио апарати, како увоз од СССР, барал кутија со една фрекфенција – Радио Москва!

Може ли да се замисли поголем личен пораз и поголема лична деградација од она што самата себе си го прави Захариева!? Но,проблемот не е личен.Таа, тоа како темно петно го лепи врз лиуцето на целиот бугарски народ. Таа се подбива со интелегенцијата на еден народ, својот народ. Тоа што бугарските членови на Академијата за наука, се гласноговорници на власта, не значи дека така мисли слободно мислечката бугарска интелигенција.

Пред 3 години пишував за посетата на бугарската потпретседателка Јотова на едно село во Голо Брдо, Албанија. Таму произведуваше Бугари, однесе книги на бугарски јазик. Најверојатно, на мештаните им послужиле за потпалување на печките. Весникот на етничките Македонци во Албанија, кои имаат своја партија (Македонска партија за европско обединување), свој претставник – асли МАКЕДОНЕЦ во парламентот (Васил Стерјоски), на Јотова и напиша: “во Албанија Бугари e можно да има (а и не мора!) само во бугарската амбасада во Тирана!”.

Ете, топлку од мисијата на Јотова. На враќање, протрча низ Охрид, откако, дебелото меше го надополни со килограм охридска поастрва!

Кога ние, во Југославија, бевме Запад за целиот Источен блок (свет, во кој во самиот врв, веднаш после Москва, беше Софија!), ние од Македонија бевме – Соединените Американски Штати. Ова, го кажуваа самите Бугари, не јас.

Кога Тито ја водеше Југославија, Хонекер (Источна Германија) и Тодор Живков (Бугарија) го бакнуваа во образите и за нив беше настан, на кој долго чекаа – ако, Тито ги посетеше нивните земји!

Во Југославија, им беше чест да допатуваат и Вили Брант, и американските претседатели и британската кралица. Една нејзина изјава: овој, вака елегантен во фрак, свири на клавир тoлку убаво, што мене не ми личи дека е бравар!? Ете, толку, забраварот!.

Погребот на Ј.Б.Тито, беше настан, каков што светот уште еднаш нема да види. Толку државници – претседатели, премиери и крунисани глкави, светот нема да види уште еднаш- на едно место.

Во една прилика, не знам, ова можеби, веќе сум го пишувал, на улица Славјанска во Софија Прес, имав прилика да се запознам со претседателот на Бугарскиот олимписки комитет, инаку зет за ќерка на Тодор Живков. Ова колку Захариева да ја потсетам, дека Живков, не сакаше да слушне за непотизам! Ме потргна настрана и ми рече дека е од Прилеп (или прилепско, не се сеќавам прецизно) и дека би се радувал кога би можел да појде таму като слободен човек!”.

Во една друга прилика со кмета на Охрид во тази време, бевме во посета на Бугарија – некаде до Бургас.На враќање во Софија, го задевам, мојот софијански колега (нема да му споменам име, за да не му правам проблеми), дали може да не принесе на срешта при Тошки? Како не мога, бе, Веле! Само един момент, да се обадам! Се обади колегата и за половин час, така од апансус, бидна приемот кај демократот!

Е, па, драга Катерина, кој, ако не претседателот на Бугарија, ќе прими еден кмет од Охрид, без претходен протокол? Знаеш, обаче што сакам да ти кажам!? Уште, и вечер и во старата вила на Президента, горе на Витоша. Па оште и домаќин, лично првиот човек на Балкан туризам.

Постарите колеги – новинари, ќе се сетат на едно новинарско име од постарата генерација – Павле Мрмевски. Беше уредник на македонската редакција на Танјуг во Скопје. Во времето кога беше дописник од Софија, се вприличи една посета на македонски новинари на Бугарија. Тоа беше југословенско, Титово време. Бугарскиот сојуз на новинари, за да се покаже во најдобро светло, програмира посета на една извонредна менажерија за производство на цвеќе, пред се, каранфили. Домаќин на патувањето – првиот човек на Бугарската телеграфска агенција (БТА). Опиен од мирост на цвеќињата, во едно цветно ќоше, и тој кажува дека е од Македонија и дека сака многу да ја посети като слободен човек!”.

И на крајот: драги бугарски пријатели. Академмици (Воденичаров), историчари, политичари ( се среќавав со Прванов и со социјалистот Станишев), колеги – новинари, обихновени граждани. Ние како народ, ве сакаме. Тука, двојба да нема. Знам дека и вие (наведов достатачни примери), колу НЕ ПОСАКУВАТЕ, ама не не сакате. За жал, и добар дел од обичниот, до крајни граници индоктриниран народ.

Но, драги браЌа и сестри: со сила убавина не бидува! Баталете, на колку граѓани од Македонија (Македонци, Албанци,Турци, Роми и други) сте им дале бугарски пасоши. Вие, сами знаете дека тоа ништо не вреди.Нели, сега, сами барате – на сите што ве критикуваат да им ги одземете државјанствата!?

Вашиот проблем е што ве водат погрешни луге. Тоа е во кодот. Отсекогаш било така. Затоа низ историјата често, ве поставуваа на погрешната страна. Затоа, сега, кога сте на вистинската страна, од вас, во Европа, направиоја црна овца. Нација за потсмев. Вие само продолжете така, подигнувајте го нашиоит углед и симпоатиите кон нас мегу европјаните. Продолжете да работите во корист на вашата штета!

Само преслушајте, што на вашиот Президент, му кажа патријархот Московски и Сверуски, Кирил.Тука, во неговиот кабинет, среде вашата столица! Стоеше мирно и немо, като Вучиќ, на столчето пред Доналд Трамп. Тој ви кажа кој ја фалсификува историјата. Директно: од небото, па во реброто!

Колку ни помагате, еве ви еден последен пример.Кога ја победивме, како македонска репрезентација, фудбалската екипа на Грузија, среде Тбилиси, сите соседи, цела Европа, се радуваше, заедно, со нашате довчерашна непријателка Грците. Никој не рече – Северна Македонија, туку само Македонија.

Драга Захариева. Политиката е кварлива и варлива работа. Понекогаш, во политиката се добива, токму, во моментиоте кога се губи! Ние, во ликот на Грција, од прв непријател – спечаливме пријател. Вие, бугарските државни глави, на пат сте, од пријател – да спечалите непријател!

Е, па, повелете! По балгарски – заповедајте!

Аама, да заповедаш, по балкански е – да владееш!Да наредуваш! Е, па нема да може: не ни треба Европа со азијати во своите пазуви!

Веле Митаноски

Back to top button
Close