Во Италија почнува 24-часовен штрајк на железницата

 21 часот вечерва до утре до 20:59 часот во Италија ќе има штрајк на железницата, соопштија италијанските медиуми

Нема да сообраќаат возовите на „Трениталија“ и на компаниите „Груп ФС“, „Трениталија Тпер“ и „Тренорд“.

Вработените во железницата бараат подобрување на условите за работа. Штрајкот е на повик на синдикалната организација „Координација за самоорганизиран транспорт“.

Патниците ќе можат да ги вратат билетите што ги купиле или да го презакажат патувањето за друг датум.

Back to top button
Close