Не се чувствувам виновен“, рече Артан Груби на денешното рочиште за случајот „Државна лотарија“
Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска повторно е пред суд, на второто рочиште за случајот поврзан со Државна лотарија.

На прашањето за вина, Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен.
„Не се чувствувам виновен“, рече Груби.
Груби е меѓу осумтемина обвинети во предметот во кој Обвинителството ги товари за злоупотреби поврзани со Државна лотарија.
Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејствија преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.
Обвинителот Коцев, објаснувајќи го обвинението, рече дека Груби се товари дека во својство на прв заменик претседател на владата претседавал со седницата на која била донесена одлуката за набавка на видео-лотариски игри на среќа, иако Лотарија тоа право го немала, односно тоа право веќе било дадено на „Видеолотарија Казинос Австрија“.
Со тоа, според обвинението, била нанесена штета од близу пет милиони евра бидејќи АД „Државна лотарија“ воопшто немала право да приредува ваков вид игри на среќа. Јавното обвинителство најави изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.
На прашање на судот да се произнесе за вина, обвинетиот Груби изјави кратко: „Не се чуствувам за виновен“. Тој претходно се изјасни дека е невработен, но оти има имот на свое имe
Него го гонат дека преседавал со седницата на која се гласала точката за Лотарија.
Првообвинет во предметот е поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој е недостапен за органите на прогонот, додека Груби е второобвинет.






