Не се задоволни од платите – вработените во Министерството за култура денеска излегуваат на протест

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања. Протестот е закажан за во 10 часот, пред просториите на Министерството за финансии.

Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се згоемија за 30%.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close