Небесен спектакл над Лапонија

Аурора бореалис, „ќерка на зората“, како што ја нарекуваше Хомер, синоќа се појави над Лапонија во Финска.

Викинзите верувале дека оваа поларна светлина на небото е одраз на оклопот на Валкирите додека јаваат предводени од Один.

Научниците, за разлика од легендите и митовите, даваат многу „попрозаични“ објаснувања. Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.

Back to top button
Close