Нека не се плаши да седне да преговараме,не сме терористи.Ленин пак ја вика Данела да се сретнат
Приватните превозници ѝ понудија компромис на градоначалничката Данела Арсовска и велат дека дека се подготвени да почнат со вршење на превозот во оној момент кога ќе им биде расчистен долгот или барем некој дел од него за да може да се надмине целата оваа ситуација
Ние не сме терористи, па да има страв градоначалничката да седне со нас да преговара. Кажете една закана и уцена, дали некому му зедовме пари, дали некому му отидовме дома да му се закануваме, дали кажавме еден погрден збор. Едноставно, луѓето си ги бараат парите. Не може тоа да се третира како закана ниту како притисок. Имаме разбирање, со секого се седнува да се преговара. Очигледно е дека некој не сака да го реши проблемот, изјави денеска Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ на прес-конференција од пред просториите на Град Скопје.
Приватните превозници ѝ понудија компромис на градоначалничката Данела Арсовска и велат дека се подготвени да почнат со вршење на превозот во оној момент кога ќе им биде расчистен долгот или барем некој дел од него за да може да се надмине целата оваа ситуација.
„Приватните превозници ќе почнат веднаш да го вршат превозот и ќе го вршат сè додека не се случи оној најавуван оглас, кој е некој нов концепт на градоначалничката, меѓутоа да не се создава ваков простор на нервози, блокади и јавниот превоз да функционира. Доколку имаме некакви сигнали или некаков одговор и решение од целата оваа ситуација со овој наш предлог на кој инсистираме да биде прифатен, може да кажеме дека протестите ќе бидат прекинати“,изјави Јовановски.
Во спротивно, додава Јовановски, оној протест што е најавен за помасовна блокада на повеќе крстосници, кај „Мавровка“ и „Црвен крст“ и целосната блокада на булевар „Илинден“, ќе се реализираат в понеделник.