Нека се смират, бизнисот со гас не ме интересира туку само спорт. Онишченко за Слободен печат

Олександр Онишченко во Македонија никогаш не планирал бизнис со гас, ниту пак преговарал со политичари за таков бизнис, туку сакал да купи банка, замисла која нема да ја оствари доколку му биде одземено државјанството, открива тој самиот за „Слободен печат“.

Македонската коњичка федерација ме побара за да им помогнам да организираме тим и да купам коњи. Тие ме бараа, а Лука Заложник ми се јави сто пати. Политичари во Македонија не познавам. За да имате добар коњички тим, потребна е инвестиција барем од 2 или 3 милиони евра. Значи, затоа, не ми е јасно зошто би морал да му платам на некого?

А македонскиот пасош, не е подобар од мојот украински или германски. Федерацијата ме побара и јас прифатив. Не знам зошто сега толку комплицираат. Коњите се мои, јас спонзорирам. Целиот овој скандал е поттикнат затоа што мислат дека ќе влезам јас во Македонија и ќе им го земам бизнисот со гас. Кажете им дека само со спорт се занимавам. И со инвестициски бизнис.

Не со гас. Гас не ме интересира повеќе. Може да се смират. Никој друг од моето семејство не доби македонско државјанство. Уште еднаш ќе нагласам, се е ова за спортот пред Олимписките игри. Јавачот Лука Заложник ме запозна со претседателот на коњичката федерација. Се сретнав со бизнисмен со бизнис за сокови. Еден коњ за Олимпијадата чини барем 1 милион евра. А јас го имам најдоброто место во светот за тренирање на такви коњи во Германија. Станува збор за 100 хектари спортски објект за коњите во Херцлаке кај што живеам и каде што ми е куќата, ни рече Онишченко и ни испрати видео материјали од објектот кој се наоѓа во Херцлаке.

повеќе тука

Back to top button
Close