Нема честитки од Путин за Бајден.Макрон и Шолц.Немаме контакти со нив објасни Кремљ

Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да им честита Нова година на американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ.

Овие колеги не ни честитаат. Всушност, ние немаме никаков контакт со нив. А земајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, претседателот нема да им честита – изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Путин, пак, испрати честитки за Нова година на адреси на неколку светски лидери блиски до Кремљ. Според списокот што денеска го објави неговиот кабинет, станува збор за кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сирискиот претседател Башар ал Асад, претседателот на Венецуела Николас Мадуро и индискиот премиер Нарендра Моди.

Тој им честиташе и на Силвио Берлускони и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Back to top button
Close