Нема пресуда за Тортура. Судот одлучи нова расправа на 8 јули

Иако беше најавено денеска судијата во случајот Тортура во кој првообвинет е Саши Мијалков да ги соопшти пресудите за обвинетите , сепак судскиот совет во овој случај донел одлука главната расправа да се реотвори уште еднаш со образложение дека не е јасно кој и колку од обвинетите сноси вина и дека истата требе да се утврди.

Судијката која го суди овој предмет закажа ново рочиште за 8 наредниот месец во 10 часот и уште едно финално рочиште на 14 ти истиот месец. Случајот Тортура е за начинот на апсењето на Љубе Бошковски од страна на полициски специјалци обвинет дека како лидер на Обединети примил мито во ресторанот пред кој беше апсен. Овој случај го водеше поранешното СЈО и во кривичната пријава тогашниот шеф на УБК Сашо Мијалков е обвинет за организирање малтретирање тортура и понижување врз Бошковски и лицата кои при апсењето го изршиле делото малтретрање нарачано од Мијалков.

Back to top button
Close