Нема службен материјал што укажува на напад врз полициски службеници во Арачиново

Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека доцна синоќа „полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група“.

Одделот за крим-полиција и внатрешната контрола, како што информира тој, денеска работат и со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можат да информираат.

Пренагласено е дека тоа било со оружје, но да видиме што ќе излезе на крај. Прво да видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после да можеме да разговараме за се друго, рече Спасовски, додавајќи дека треба да ги утврдат фактите за да видат што се случило.

Back to top button
Close