Нестле обвинет дека додава шеќер во млекото за доенчиња што се продава во посиромашните земји, открива нов извештај

Нестле, најголемата светска компанија за производи за широка потрошувачка, додава шеќер и мед во млекото за доенчиња и производите од житарки што се продаваат во многу посиромашни земји, спротивно на меѓународните упатства насочени кон спречување на дебелината и хроничните болести, покажа нов извештај.

Истражувањето на Паблик Ај, швајцарска истражна организација, испратија примероци од производите за бебешка храна на швајцарската мултинационална компанија што се продаваат во Азија, Африка и Латинска Америка во белгиска лабораторија за тестирање, пренесува Гардијан.

Резултатите и испитувањето на пакувањето на производот, откриле додаден шеќер во форма на сахароза или мед во примероците на Нидо, последователна млечна формула наменета за употреба за доенчиња на возраст од една и повеќе години, и Серелак, житарка наменета за деца на возраст помеѓу шест месеци и две години.

На главните европски пазари на Нестле, вклучително и Британија, нема додаден шеќер во формулите за мали деца. Додека некои житарки наменети за постарите мали деца содржат додаден шеќер, не постои во производите наменети за бебиња меѓу шест месеци и една година.

Повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close