Нетанјаху: Ќе ја окупираме територијата на Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја повтори својата закана дека ќе ја окупира територијата на Појасот Газа, доколку милитантите на Хамас не ги ослободат преостанатите заложници кои се уште ги држат.
-Колку повеќе Хамас продолжува да одбива да ги ослободи нашите заложници, толку посилна ќе биде репресијата што ја спроведуваме, рече Нетанјаху во парламентот, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека тоа „вклучува окупација на територија и други работи“.
Стотици Палестинци се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени во обновената воздушна кампања на Израел врз Газа од вторникот, поткопувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари