Неуспешен обид на Левица да ги киднапира студентските барања

Неуспешен обид на опозициската партија Левица да ги киднапира студентските барања и да добие ситни политички поени. И покрај протестите на педесетина студенти (читај членови на Левица), односно на Црвена младина, сепак студентите и властите синоќа се договорија студентскиот оброк да се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март 2023 година, низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.

Законот за субвенциониран студентски оброк беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата на 05 февруари 2020 година, кога Левица немаше пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Во 2021 година е сменет поради ковид 19, наместо во картичка, студентите да добиваат кеш. Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов не биле на гласање.

Пред да се одржи средбата меѓу студентските лидери и претставници на власта, група од педесетина млади лица во „име на студентите“ протестираа пред Собранието на Република Северна Македонија. Меѓутоа, случајно или не, „студентите“ кои вчера протесираа и кои преку младинската организација „Студентски отпор“ (формиран пред три дена на Фејсбук) и кои повторно повикуваат на студентски марш во четврток (17 ноември), се членови на политичката партија Левица.

Дарја Мустафоглу, советничка на Левица во Општина Ѓорче Петров, е една од „студентките“ кои протестираа и носеше политички и навредлив транспарент во духот на реториката на нејзината политичка партија – „Без паника не јадеме колку Маричиќ“.

Дариа Мустафоглу, студентски протест, 14.11.2022
Дарја Мустафоглу, предизборен спот на Левица за Локалните избори 2021

Милица Давчева, член на Левица и Црвена младина е една од студентките кои протестираа за студентскиот оброк да се исплаќа како и досега.

Покрај редовните студии, таа се збогати со нови „знаења и вештини“ на првата левичарска крушевска школа која се одржа пред околу два месеца, односно во септември.

Студентката Давчева пред да протестира за студенски субвенциониран оброк, протестираше против европскиот закон за договoрот со Бугарија.

Јован Јанев, член на Левица е еден од предводниците на вчерашните протести (14 ноември 2022) за подобар студентски стандард.

Инаку Јанев, пред да држи студенски говори, држеше партиски говори и беше еден од најгласните и најактивните противници за договорот со Бугарија.

И Бојан Гиноски кој вчера протестираше за субвенциониран студентски оброк, по некоја случајност е член на Левица.

Револтираните студенти на Левица, не пропуштија прилика да шират и анти-НАТО кампања.

Студентскиот оброк до 15 март ќе се исплаќа според старите правила, а во овој рок низ работни групи студентските претставници, пратениците и Владата ќе бараат системско решение за надминување на овој проблем.

Ваквите политички игри на Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат, бидејќи студентите не се нивни пиони.

Цивил мониторинг тим

 

Back to top button
Close