Независниот советник Крстевски можен в.д. градоначалник на Кочани
Во Кочани деновите сѐ почесто се шпекулира дека независниот советник во Советот на Општина Кочани, Венко Крстевски веќе обезбедил мнозинство за да биде избран за вршител на должноста градоначалник, откако од позицијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“ неотповиклива оставка поднесе градоначалникот Љупчо Папазов, следнио ден си поднесе неотповиклива оставка.
Крстевски ветува дека за седум месеци „ќе сработи повеќе отколку сите градоначалници до сега во овие 30 години“.
Планира строго да ги контролира угостителските објекти и незаконските тенди во градскиот трговски центар да ги урне.