Николоски: На 479 фирми од областа на градежништво и урбанизам им се одземаат лиценци
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците.
-Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата нема да го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш. Целта не е да казнуваме туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доброволно да ги исполнуваат затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги усполнуваат, а потоа престануваат да исполуваaт тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број на вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, истакна вицепремиерот Николоски.