Николоски тврди- Вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да контактира со Онишченко за економски ангажман

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју во емисијата 360 Степени на ТВ Алсат М за скандалот со издавање на државјанство на украинскиот политичар обвинет за перење пари кое се наоѓа на црната листа на САД поради мешање во претседателските избори Онишченко, вели дека поради клановски пресметки во СДСМ државата страда а најбитната безбедносна служба е обезглавена, и доколку имаше внатрешна контрола овој скандал воопшто немаше да се случи.

.Прво 16 месеци нема директор за внатрешна контрола. Втора откако направивме притисок пред некаде 2 месеци Виктор Димовски дојде во собрание и предложи кандидат за директор на внатрешна контрола, што ќе одлучеше комисијата е друга работа. За прва пат во историјата на собранието се случи власта да не си прави кворум сама на себе, односно да ја потсетам јавноста дека таа комисија не се одржа од причина што власта која што има мнозинство, не дојде на комисија.

Back to top button
Close