Николовски тврди дека не само премиерот туку и него се обиделе да го „поткупат“.Го прекинале проектот железница кон Бугарија
Во иднина, како што рече Николоски, заедно И министерот за транспорт и врски Александар Николоски бил подложен на обид за поткуп за третата фаза на железницата кон Бугарија.
Николоски денеска не кажа отворено за обидот, но рече дека компаниите кои учествувале на тендерот имале причина да нудат поткуп бидејќи не ги исполнувале условите.
– Премиерот беше многу прецизен во однос на ова прашање. Ова е проект кој е започнат од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Тие понуди не доаѓаат по официјални комуникации, туку преку посредници. Затоа ние денеска ги повлекуваме членовите кои се дел од тимовите за евалуација за надзор и за градење од Министерството за транспорт и Железници инфраструктура за да сфатат сите што сакаат да поткупуваат дека со нас нема играње. Второ на овој повик се добиени понуди од 7 компании од кои голем дел се несериозни. На овој повик нема пријавено учесник од сериозна земја од ЕУ и тие мислат дека преку своите посредници ќе можат премиерот, мене или некој друг да го поткупат – рече Николоски.
Во иднина, како што рече Николоски, заедно со ЕУ и со Бугарија ќе се изработи нов проект кој ќе биде сериозен, изводлив проект, да добиеме сериозни гаранции од Бугарија дека ќе го гради нејзиниот дел, а за можеме да го реализираме проектот