НОВ ПОЧЕТОК ПО 60: Бев уништена од тага кога го изгубив сопругот, но секогаш кажував што мислам и станав ѕвезда на Инстаграм

Во 2020 година, три месеци по неговиот 100-ти роденден, сопругот на Дороти Вигинс, Гај, починал. Биле во брак 61 година.

„Никогаш не се каравме“, вели таа. „Секогаш бевме заедно. Без него бев уништена од тага“.

По неговата смрт, сама во нејзиниот стан во Вест Вилиџ во Њујорк, деновите и минувале во составување фото албум од нивниот живот, но наскоро почнала да оди на долги прошети низ големиот град, за да открие што сака да прави следно.

Кога пријател на нејзината ќерка, Астор, ја замолил да му помага со материјал за снимање документарец, главно за да ја дефокусира од тагувањето, открила дека таа активност навистина ја радува.

Неколку месеци подоцна Астор почнал да објавува видеа на Тик-ток и Инстаграм од авантурите на Вигинс низ Менхетен на Инстаграм и ТикТок.

Ситна, вооружена со дрвен стап и секогаш дотерана, Вигинс набрзо стекнала следбеници, како што вели, благодарение на бескомпромисните ставови кои ги споделува на видеата. Таа објаснува за сè, од локални места за јадење преку театарски адаптации на класични мјузикли до уметноста на заведување.

Во еден клип, страсно објаснува зс наводните здравствени придобивки од пиењето вино со секој оброк.

Една година @dorothylovesnewyork, на 98-годишната Вигинс има близу 100.000 следбеници на Инстаграм. Таа е ѕвезда на социјалните мрежи, но има мислење и за нејзината слава. „Мислам дека мобилните телефони се одличен изум и го олеснија животот на сите, но мислам дека социјалните мрежи се глупави“, вели таа. „Луѓето што им кажуваат работи за својот живот на странци е малки откачена работа. Не сум заинтересирана за тоа“.

 

Иако не го одобрува начинот на живот на инфлуенсерите или се радува кога ги чита коментарите на нејзините обожаватели коо ги среќава и на улица. „Задоволна сум што луѓето се инспирирани од мојата долговечност и став“, вели таа. „Порано бев модел и актерка, така што не ми пречи луѓето да ме гледаат.

Животот на Дороти во голема мера не е променет од социјалните мрежи. Таа сè уште ги има истите пријатели и се држи до „светиот час за коктел“ што порано секој ден го делела со починатиот сопруг Гај, сликар на пејзажи и дипломат (нејзиниот пијалок по избор е виски со мраз и чаша вода на страна).

-Отсекогаш сум била многу отворена. Ако нешто не ми се допаѓа, ќе им дадам до знаење на луѓето“, вели таа. „Гај и јас не трпевме срања од никого“.

Back to top button
Close