Нов предлог на ЕК за намалување на загадувањето на воздухот од моторни возила

Со новиот предлог на Европската комисија, надежта е дека новите моторни возила на европскиот пазар ќе ги исполнат зелените амбиции за нула загадување , јави дописничката на МИА од Брисел.

Предлогот го презентираше претпладнево еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон. Тој посочи дека со новиот „Евро 7“ стандард ќе обезбеди почисти возила, почист воздух, подобрување на здравјето на граѓаните и на животната средина. Истовремено, вели тој, ќе се задржи конкурентноста на Европа.

Возилата се еден од главните извори на загадување во Европа. Предлогот треба да биде алатка за да се поттикне производство и користење на електрични возила.

Централниот нов „Евро 7“ стандард треба да обезбеди автомобилите, камионите, автобусите, комбињата да станат почисти и придонесат за помала емисија на ЦО2 емисии. Предлогот, исто така, се занимава со кочници и гуми за возила што придонесуваат за испуштање штетни гасови и загадување, бидејќи батериите во кочниците и микропластиката во гумите се извор за загадување.

Европската комисија пред неколку дена одреди постриктни правила за ограничување на аерозагадувањето. Во овој дел правилата за „Евро 7“ треба да ги намалат штетните емисии, истовремено задржувајќи пристапни цени за граѓаните.

Условите кои произлегуваат од новите стандарди „Евро 7“ ќе помогнат подобро да се контролираат штетните емисии од новите возила, ќе ги заостри границите за загадувачи гасови, ќе го регулира загадувањето од кочниците и гумите, ќе придонесе за развој на електрични возила.

Предлогот сега ќе им биде презентиран на Европскиот Парламент и Советот на ЕУ кои треба да го анализираат, евентуално изменат и потоа да го усвојат.

Back to top button
Close