Нов рекорд во Албанија на дијагностицирани со Коронавирус

Денеска албанското министерство за здравство информираше дека во последните 24 часа во земјата има нов негативен рекорд на болни од Ковид 19.  За прв пат во земјата се регистрирани 57 новозаболени од Коронавирус.

Како што пренесува тиранскиот весник „Дита“ од вкупно реализирани 362 тестови потврдено е дека позитивни биле 57 лица, од кои најмногу лица кои се новозаболени се од Круја (16), додека бројот на новозаболените во Тирана е 14. Другите позитивни се во Валона, Скадар и други  помали урбани населени места во Албанија .

Истите извори наведуваат дека во земјата 441 лица се се уште активно болни  и тоа најголемиот број од Тирана каде има 260 . До сега според министерството за здравство во земјата од Ковид 19 починале 36 лица .

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека не се исклучува можноста утре на состанок на владата да се вратат мерките кои претходно во земјата беа присутни во борбата против Коронавирусот , бидејки населението не ги почитува целосно заштините мерки , што според него е и причлина за зголемување на бројот на болни од вирусот Ковид 19.

 

К. М. 

Back to top button
Close