Нов шеф на Тајната служба е агентот кој скокна на сцената за да го заштити Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Шон Куран за нов директор на американската тајна служба. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека Куран е „голем патриот“ кој го штител неговото семејство во последните неколку години.
Куран претходно служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Трамп четири години. Тој скокна на сцената за да го заштити Трамп со своето тело за време на првиот обид за атентат врз него на 13 јули во Батлер. Додека раководеше со обезбедувањето на Трамп, тој надгледуваше 85 луѓе.
Тој ја докажа својата храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да помогне да се спаси мојот од куршум на атентатор во Батлер, Пенсилванија“, напиша Трамп. Куран се приклучи на Тајната служба во септември 2001 година.
Изборот на Трамп не е во согласност со препораката на двете двопартиски комисии кои во 2015 и 2024 година советуваа некој надвор од агенцијата да биде избран за директор. За разлика од другите позиции во кабинетот или директорот на ФБИ, назначувањето на чело на Тајната служба не бара потврда од Сенатот.
🚨 #BREAKING: President Trump will be naming Sean Curran, who heads his personal detail, to be Secret Service Director.
Sean is a great patriot and will stop all the insanity once and for all. There’s not a better person to be in this position!
🇺🇸🇺🇸🇺🇸 pic.twitter.com/HWdIxuidYI— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) January 17, 2025