Нов силен земјотрес во разурнатите области во Турција

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди попладнево турската провинција Кахраманмараш.

Управата за управување со катастрофи соопшти дека земјотресот е регистриран во областа Чаглајанчерит во Кахраманмараш во 17:49 часот, на длабочина од 5,3 километри.

Претходно, минатиот месец, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала се случија во интервал од девет часа во провинцијата Кахраманмараш во југоисточна Турција. Земјотресите беа почувствувани во 11 провинции во државата и соседните земји, вклучително и Сирија. Турските власти земјотресот го нарекоа „катастрофа на векот“. Бројот на загинатите достигна 48.400 луѓе, телата на 1.615 мртви се уште не се идентификувани, пренесе РИА.

Back to top button
Close