Нов случај на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие е хоспитализирано уште едно 76-годишно лице кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија за вирусот Западен Нил.

Dengue, zika and chikungunya fever mosquito (aedes aegypti) on human skin

Со новиот случај, вкупно седум пациенти се водат како клинички сомнителни, додека кај 10 е потврдена западнонилска треска.

 

– Advertisements –

 

Од нив, тројца се во критична состојба, сместени на Одделот за интензивна нега и приклучени на механичка вентилација. Нивната здравствена состојба засега останува непроменета.

Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, изјави дека за потврда на невроинвазивната форма на болеста кај најновиот сомнителен случај се потребни дополнителни испитувања на цереброспиналната течност.

Тој појасни дека ПЦР-тестот не е златен стандард за дијагностицирање на невроинвазивната форма на западнонилската треска, поради што овие пациенти се подложени на дополнителни лабораториски анализи и се третираат како заболени од вирусот.

-Инкубацијата трае до 14 дена, а не може однапред да се предвиди како ќе се развива болеста кај секој пациент. Најризични се лицата над 60 години, хронично болните и лицата со ослабен имунитет. Кај околу 80 проценти од заразените, болеста поминува со лесни симптоми или без симптоми – истакна Цана.

Back to top button
Close