Нов украински извештај за Северодоњецк: Одбиен рускиот напад, борбата не е завршена

Украина го одби рускиот напад на својот клучен источен град, се тврди во најновиот украински воено оперативен извештај.

„Нашите војници успешно го запреа нападот на градот Северодоњецк, борбата е во тек. Обидот за заземање на блиските градови Тошкивка и Устинивка, исто така е неуспешен“, наведува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдај, руските сили бомбардираа украински позиции со интензивни артилериски, воздушни напади и постојани борби по улици.

Во клучниот град за што со денови се водат тешки борби, останаа меѓу 10.000 и 11.000 цивили, покажуваат извештаи.

– Воената состојба во Северодоњецк е постојано тешка. Нашите вооружени сили ги зацврстија своите позиции, држејќи ги границите во градот што ги зазедоа. Борбата не е завршена. Орките (руските сили) внесуваат сè повеќе и повеќе сили, многу артилерија и опрема се концентрирани овде со што го напаѓаат градот. Орките се обидуваат да напредуваат, ние ги запираме. Нашите вооружени сили даваат сè од себе  за да го одбранат градот, изјави за национална телевизија, шефот на градската воена управа на Северодоњецк, Олександр Штриук.

Back to top button
Close