Нов закон за социјални мрежи во Јута: Децата треба да имаат одобрение од родителите за да ги користат

Децата и тинејџерите во Јута ќе го изгубат пристапот до апликациите за социјални мрежи доколку немаат родителска согласност и ќе бидат предмет на други ограничувања според првиот американски закон дизајниран да ги заштити младите од платформи што предизвикуваат зависност.

Два закона потпишани од државниот републикански гувернер Спенсер Кокс од вчера им забрануваат на децата под 18 години да користат социјални мрежи помеѓу 22:30 и 6:30 часот, бараат проверка на возраста на секој што сака да користи социјални мрежи во државата и ја отвора вратата за тужби во име на деца кои тврдат дека социјалните мрежи им наштетиле. Земени заедно, двата закони имаат за цел да спречат децата да бидат намамени во апликации преку функции што предизвикуваат зависност и рекламирање.

Се очекува компаниите да поднесат барања и приговори пред законите да стапат на сила во март 2024 година.

Во законодавниот дом во Јута доминираат републиканците.

Back to top button
Close