Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот клуб потврди дека во средата Нејмар добил мала повреда на листот од ногата.

Повредата се случила на неделниот натпревар кога Сантос загуби дома од Коритиба (0:3).

Фудбалерот е под терапија во клупскиот центар и неговата состојба ќе ја следи и лекар на бразилскиот тим.

Последниот натпревар за Бразил, Нејмар го има одиграно во октомври 2023 година.

Инаку, Бразил на Светското првенство ќе настапува во група со Мароко, Хаити и Шкотска.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close