Нова тв -Османи бил да прегледа пациент и искористил да се види со Џавери

Со одлука на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести каде што се лекуваат пациенти со Ковид строго се забранети посети, а посети се забранети и во другите болници. Директорката на Инфективна клиника, д-р. Милена Стевановиќ посетата на двајцата функционери кај Талат Џафери, ја правда со тоа што Бујар Османи бил повикан како абдоменален хирург за конзилијарно мислење за друг пациент. „Тој беше дојден за конзилијарен преглед кај друг пациент, па го искористил моментот да го види пациентот“, изјави за НОВА, Стевановиќ. Талат Џафери од петокот е хоспитализиран на Инфективаата клиника со пневмонија, како што беше официјално објавено во јавноста. Но, Џафери ги има сите симптоми и класична клиничка слика на Ковид, потврди д-р. Стевановиќ за НОВА. Таа вели дека тестот што го направил во некоја лабораторија е негативен, но тоа не значи дека нема Ковид.

Целиот текст на Нова тв.мк

Back to top button
Close