(Обновено)Вооружена престрелка во Чаир: Три повредени лица пренесени во градската болница

 

Вооружена престрелка се случила пред малку во близина на џамијата во Чаир, каде има зголемено полициско присуство, дознава Инфомакс.

Две лица се повредени и пренесени во градската болница “Свети Наум Охридски”, а пред болницата има соберено поголема група луѓе.

Засега не се познати причините за нападот, ниту во каква состојба се наоѓаат повредените.

МВР за Либертас го потврди инцидентот и дека од пресметката хоспитализирани се три лица,едниот повреда на раката од оружје а други двајца повреди од тврд предмет..

Back to top button
Close