Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува на 25.јули

Натпреварувачката комисија на ФФМ го објави распоред за натпреварите во ПФЛ за новата сезона 2026/27. Новата сезона ќе стартува на 25.јули, а првиот дел завршува со 18.то коло на 13.декември, кога следува зимската пауза.
Два месеца подоцна првенството продолжува (13.февруари), а последното коло е планирано за 23.мај 2027 година.
Во првото коло двојките се: Вардар – Брегалница, Шкендија – Скопје, Струга ТЛ – Шкендија Арачиново, Силекс – Башкими и Тиквеш – Арсими.
Дербито Вардар – Шкендија е на програмата во второто коло на 8/9.август. мн/







