Нови 217 лица во изолација, 63 со изјави за самоизолација и 845 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци.

Back to top button
Close