Три тетке мажоретке

Кратки скици за три авторитарности

Кратки скици за три авторитарности

Благојевиќ/ Фрчкоски/ WWDN

 

 

Што војната за Русија и за нејзините жители, Русите?

  • Се покажа дека тие се многу помалку љубители на слободата, револуционери и либерали отколку што мислевме. Се покажа дека има многу помалку пристојни луѓе отколку што многумина се надеваа. А најстрашното не е тоа што се толку малку. Најстрашна е леснотијата со која мнозинството прифати да живее покрај злосторството, корупцијата и насилството — сè додека тие самите се оставени на мир.
  • Путин не е некаков туѓинец кој случајно слетал во Русија. Тој се покажа како прилично верен одраз на едно општество кое со децении сакаше величина без одговорност, победи без труд, почит без достоинство и империјалност без да ја плати нејзината цена.
  • Русија речиси ништо не создава освен ароганција, страв, лаги, омраза, понижување и бескрајни објаснувања зошто сите други се виновни, освен самите тие.
  • Таканаречената „втора најмоќна армија во светот“ се покажа дека не е армија на иднината, туку остаток од минатото — телевизиски мит и машина за мелење луѓе, хранета со животите на сиромашните.
  • Најважниот ресурс на Русија не се нафтата, гасот или ракетите. Нејзиниот најважен ресурс е нејзината култура — која се покажа дека не е имуна на репресијата и неправдата. Подготвеноста да се толерира секое злосторство се покажа посилна од историските традиции на литератност и ослободување — сè додека злосторството е соодветно оправдано на телевизија.
  • Најголемата катастрофа не е тоа што властите лажеа. Катастрофата е што милиони луѓе беа подготвени да ги прифатат тие лаги, бидејќи вистината од нив би побарала да созреат.

Затоа, суштината е следнава: војната меѓу Русија и Украина не откри само една распадната армија — таа откри земја која предолго веруваше дека е голема, затоа што се плашеше да ја признае својата незрелост. (WWDN)

 

Србија

За Србија важи многу од она што е кажано во овој текст, но би ја избегнала тврдата констатација за „народот“ како помалку интелигентен, незрел или недостоен.

Таквата генерализација ја повторува токму онаа авторитарна логика што се обидува да ја критикува: населението го претвора во хомогена маса и одговорноста ја објаснува речиси преку националниот карактер. Поинтересно прашање е како се создава општество кое се согласува со лагата, насилството и понижувањето — и што добива за возврат. За Србија, ова би го формулирала вака: Што ни открива актуелната власт за Србија?

  • Вучиќ не е натрапник кој случајно се нашол во Србија. Тој е политички производ на едно општество кое со децении посакувало величина без одговорност, победи без работа, почит без достоинство и држава без институции.
  • Србија долго време произведува повеќе објаснувања за тоа зошто другите се виновни, отколку одговорност за она што самата го прави. Помеѓу националната невиност и вечната загрозеност речиси и да не остана простор за политичко созревање.
  • „Економскиот тигар“ се покажа како телевизиски мит: земјата е успешна додека трае програмата во живо, додека зад камерите работниците се исцрпуваат, институциите се распаѓаат, а јавните добра се претвораат во приватен плен.
  • Но, послушноста не е само последица на стравот. режимот нуди излесно уживање: задоволство да се припаѓа на мнозинството, право да се понижи послабиот, можност сопствениот неуспех да се објаси како вина на неријателите и привилегија да не се постави прашањето за личната одговорност.
  • Најстрашното не е тоа што власта лаже. Власта која сака да остане власт речиси нужно лаже. Пострашно е тоа што еден дел од општеството прифатил да живее во тие лаги, сè додека последиците од насилството, корупцијата и беззаконието погодуваат некои други.
  • Најважниот ресурс на овој режим не се ниту парите, ниту полицијата, ниту медиумите. Неговиот најголем ресурс е создаденото уверување дека ништо не може да се промени — и дека затоа е попаметно да се приспособиш отколку да му се спротивставиш.
  • Но послушноста не е само последица на стравот. Режимот нуди и одредено уживање: задоволство од припадноста кон мнозинството, право да се понижи послабиот, можност сопствениот неуспех да се објасни со непријателите и привилегијата да не се поставува прашањето за личната одговорност.
  • Србија речиси ништо не е способна да признае без додатокот „но“. Не е пораз, туку неправда. Не е злосторство, туку одговор на туѓо злосторство. Не е корупција, туку снаодливост. Не е авторитарност, туку стабилност. Тоа „но“ стана основната политичка институција на земјата.
  • Сепак, тврдењето дека во Србија нема доволно пристојни луѓе не е сосема точно. Ги има многу, но пристојноста сама по себе не е политика. Проблемот настанува кога личната чесност се задоволува со тоа што не учествувала во злосторството, а истовремено се согласува да го дели секојдневието со него.

Она што денес се разоткрива не е само гнилоста на еден режим. Се разоткрива општество кое долго време верувало дека е силно затоа што не се осмелувало да ја признае сопствената ранливост; дека е гордо затоа што не умеело да преземе одговорност; и дека е стабилно затоа што научило да молчи.

Но Србија не се исцрпува во тоа. Студентскиот бунт, блокадите и секојдневните облици на солидарност покажуваат дека ова општество не е единствено и дека режимот не е негов верен портрет, туку резултат на непрекината борба околу тоа што е Србија.

Затоа вистинското прашање повеќе не е какви се „Србите“, туку: кој во моментов има моќ да зборува во нивно име — и кој му го оспорува тоа право.

Јелисавета Благојевиќ

 

 

Македонија

Македонија под денешниов режим на ВМРО ДПМНЕ е израз на потполна испразнетост од било каква политичка идеја, национална или либерална. Ако режимот на Љупчо Георгиевски содржеше минимален, иако погрешен, апел за национална еманципација под чадорот на стекнувањето независност, овој сегашен режим на ДПМНЕ е испразнет и од тоа и свиткан навнатре во сопствената празнотија, во ехо собата на националната стагнација и скапување.

Ликот на Мицко-премиерот е олицетворение на таа бесмислена празна тврдоглавост околу ништото;

• Македонија под него произведува листи на виновници за сопствената неспособност, надвор и внатре. Се претвора во смрдлива жртва на која сите други ѝ се криви и за што произведува бескрајни по-ар објаснувања и соопштенија. Меѓу националната невиност и вечната загрозеност од другите и од светот – не останува место за политичко зреење, одговорност како можност за развој;

<span;>• Трагедија на македонските граѓани не е во полициската бруталност, корупцијата и медиумите, туку во развиеното чувство дека таа пропаст се нормализира, станува живлива(?) сѐ додека погаѓа некој друг кој не сме ние. Во Македонија немаме проблем со граѓанска непослушност, туку со граѓанска послушност која е основа за толеранција кон диктатот на слепата власт. Која развива уверување дека не може ништо всушност да се промени, дека сите се исти, сите крадат и лажат и дека е попаметно да се прилагодиш отколку спротивставиш.

<span;>• Но послушноста не е само последица на стравот. Власта нуди Лакановско/Жижеково уживање во бивањето повластен во барата, во бедата – нуди „мал фашизам“ во слободата да се мрази другиот, да се навредува, тепа, пали. Можноста сопствените неуспеси да се објаснуваат со имагинарни непријатели и да не се поставува прашањето за личната одговорност. Да се ужива во лажните фантазми за достоинството и големината на сопствената нација – која е ситна, поситна, не може да се замисли. Делот од нацијата која смета за себе дека се пристојни луѓе, заглавени се во пасивност и очај. Пристојноста не е политика и не е доволно да не си соучесник во владините злосторства, а го делиш со нив секојдневието. Оние што велат не се ни лево ни десно – десно се! Оние што велат не се ни со владата ни со опозицијата – со владата се!

• Борбата за тоа што е Македонија останува повторно да се води скоро од почеток, врз разурнатите темели на нашата независност и македонската благо-нарушена свест дека други ѝ се криви за неспособноста.

Нејзиното опстојување како независна држава: наспроти галактички неспособната власт, сомнителната свест нанмнозинството каква држава има и како ќе ја развива понатаму,нроварењето на странските служби низ нејзиното политичко тело, провоцирање на меѓуетничките односи и супер-чувствителнатангеостратегија на земја на раскрсница – е некаков индиректен доказ дека БОГ сепак постои.

Љубомир Фрчкоски

Back to top button
Close