30 дена притвор за Македонката која прегази куче, па се обиде да ја напушти Црна Гора

Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка Сашка Стојановска, осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.
Според црногорската полиција, таа на 24 јули со автомобил „Мерцедес“ намерно прегазила куче од расата шарпланинец, а потоа се обидела да ја напушти државата. Била запрена на граничниот премин Сукобин – Муриќани и приведена.
Одбраната, пак, тврди дека шарпланинецот претходно го усмртил нивното куче од расата шицу и ги нападнал неа и нејзиниот малолетен брат, поради што возилото било употребено за да го оттурне животното.
Според информациите на „Вијести“, Македонската го убила шарпланесот откако тој го убил нејзиното куче во населбата Улцињско Поле.
Веднаш потоа, таа го блокирала тесниот пат помеѓу два блока згради, плачејќи и барајќи помош за своето милениче ши-цу. Работник од блискиот хотел В.Б. ѝ притрча на помош, го зел рането куче во раце и заедно со неа се одвезе до првата ветеринарна установа.
Сепак, поради сериозноста на повредите и колапсот во сообраќајот, кучето не стигнало до ветеринарната клиника.
„Ќе го направев истото повторно. Само да знаев, ќе се обидев да му помогнам на друго несреќно куче, шарпланинецот. Но, за жал, се чини дека немаше начин ниту него да го спасам. Па, поради нечија невнимателност и неразбирлив став кон животните, починаа две невини кучиња“, изјавила потресена и низ солзи В.Б. за „Вијести“ малку подоцна по настанот.
Ќерката на Стојановска во изјава за Сител рече дека прегазениот шарпланинец го нападнал и го усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството. Според неа, шарпланинецот влегол во нивниот апартман, го распарчал миленикот, а потоа ги нападнал и нив. Потоа сопственикот на шарпланинецот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот. Ќерката тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.






