Нови финансиски санкции на САД против Русија, меѓу санкционираните и олигархот Потањин

САД денеска воведоа финансиски санкции насочени кон Владимир Потањнин, еден од најбогатите луѓе во Русија, како и кон руската комерцијална банка „Росбанк” и „Интеррос”, инвестициската холдинг-компанија што ја контролира токму олигархот Потањин.

САД денеска воведоа санкции за повеќе од 40 поединци, како дел од новите санкции против рускиот сектор за финансиски услуги.

Стејт департментот воведува санкции против Владимир Потанин, еден од најбогатите руски олигарси и близок соработник на претседателот Владимир Путин, како и тројца членови на неговото потесно семејство и неговата компанија ‘Интеррос’”, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

Истовремено на листата блокиран имот на Потањин е и неговата луксузна јахта „Нирвана”.

На веб-страницата на американското Министерство за финансии се наведува дека „Росбанк” е купена од „Интеррос” на почетокот на годинава.

Потанин (61) е најголем акционер на „Норникл”, а „Интерос” поседува 36 отсто од „Норникл”.

„Норникел” е најголемиот светски производител на паладиум и преработен никел и беше една од најголемите „награди” во постсоветскиот простор при поделбата на руските индустриски капацитети во 1990-тите

Back to top button
Close