Новороденото бебе спасено од урнатините во Сирија го доби името Аја, го посвои роднина

Новороденото девојче спасено од урнатините по разорниот земјотрес во Сирија, во кој загина нејзината мајка и другите членови на семејството, го доби името Аја, што на арапски значи „знак од Бога“ или „чудо“, а за неа ќе се грижи роднина.

Аја, која во моментот кога беше извлечена од урнатините во Ксендерис, сè уште беше врзана за папочната врвца за нејзината повредена мајка, се уште е во болница, нејзината состојба од ден на ден се подобрува, изјави доктор од болницата во Африн.

„Ја именувавме Аја за да престанеме да ја нарекуваме новороденче“, изјави д-р Хани Маруф од болницата Џихан, пренесе Гардијан.

За малата Аја ќе се грижи нејзиниот братучед Салах ал Бадран, чија куќа во Џендерис, во северозападна Сирија, исто така е уништена во катастрофалниот земјотрес. Тој заедно со своето 11-члено семејство успеале да побегнат од еднокатната куќа, но сега живеат во шатор.

Спасувачите во Џендерис ја открија Аја во понеделникот попладне, повеќе од 10 часа по земјотресот, додека трагаа по преживеани во урната петкатница.

Бебето беше пронајдено под бетонските урнатини се уште врзано со папочната врвца за својата мајка, која загина заедно со нејзиниот сопруг и четири деца

Back to top button
Close