Нургалиев: Русија има тешкотии, па и грешки во војната во Украина, но останува непоколеблива

Заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, Рашид Нургалиев, денеска изјави дека Русија се соочува со тешкотии, па дури и прави грешки во воената кампања во Украина, но најави дека таа ќе продолжи да се бори, јави ДПА.

-И покрај тешкотиите, специјалната воена операција ќе биде завршена, изјави Нургалиев.

Тој потенцираше дека операцијата ќе биде приведена кон крај и покрај испораките на оружје од Западот за Украина.

Руските цели во Украина, за кои Нургалиев кажа дека се  „демилитаризација” и „денацификација” на земјата, како и заштита на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, ќе бидат остварени

Back to top button
Close