ОЈО Кавадарци истражува случај на починат градежен работник, телото дадено на обдукција
Дежурен јавен обвинител издал наредби за обезбедување и на целокупната документација која се однесува на почитување на законските одредби за безбедност и здравје при работа
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на градилиште за изградба на приватен објект, каде што било пријавено дека починало лице кое било ангажирано како градежен работник.
Причините за смртта на работникот засега не се познати, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
„Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа“се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Од Обвинителството велат дека продoлжуваат да преземаат дејствија за расчистување на случајот