Облачно со повремен дожд и слаб ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд. За кратко време се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Вo сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в недела се очекуваат нови врнежи од дожд

Back to top button
Close