Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а дожд Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 18, а максималната од 17 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Како што информира УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 19 до 28 степени.

Back to top button
Close