Обвинетелен акт против жител на село Добри Дол, во 2018 му било пронајдено оружје без дозвола

Гостиварското обвинителство денеска до Основниот суд Гостивар поднесе обвинителен акт против 53-годишен жител на село Добри Дол, гостиварско, во чиј дом при извршен претрес на 12.11.2018 година било пронајдено огнено оружје марка ZORAKI-M 906-B  калибар 7,65 и 9 куршуми за кои не поседувал одобрение од надлежен орган, информираат од ОЈО Гостивар.

Со тоа, обвинетиот го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close