Обвинителството да реагира“, вели Арсовска по најавите за штрајк и прекин на водоснабдувањето во Скопје


Градоначалничката Данела Арсовска, вели дека штрајкот кој го најавува „Водовод“ не е за работнички права, туку за политички поени.

Градоначалничката ги охрабри сите синдикални организации да го практицираат правото на штрајк онака како што е уредено согласно Закон.
–Сакам да потенцирам дека овие лица кои наводно се борат за правата на десетина лица вработени, треба да бидат доблесни и да кажат дека ова што го прават, го прават во неколку претпријатија, не е борба за работнички права, туку ако го трнат нападот врз мене и нападите што ги инструментализираат против мене, работниците не треба да бидат нивна маша за политички пресметки, ова не е борба за работнички права. Работниците не треба да се прават нивна маша, кажа Арсовска.

Таа вели дека нападите и заканите доаѓаат во „момент кога е најавено департизација на Градот Скопје и има најава за оптимизација на работните процеси“.

-Во конкретниот случај, овие лица кои наводно се борат за работничките права на десетина вработени, треба да ја кажат вистината зошто ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права, додаде Арсовска.

За водоснабрувањето, таа апелира до надлежните институии, да преземат соодветни дејствија.

-Ова претпријатие има над 1250 вработени, претворено е во биро за вработување на политичките парити, најголем дел од нив амднимистрација.Затоа е најавена оптимизација, да се работат работните задачи.Критично е и важно да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, Водовод не ги врши основните функции, немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација. Сите кои треба да работтана фекална атмосферска канализација се агажираат фирми од надвор, значи во исто време се плаќа техничка администрација и фирми кои се плаќаат да ог работат она што треба да го работи Водовод, кажа таа.

Back to top button
Close