Обвинителството отвори предмет за надзорот на „Бехтел и Енка“

Изборот на надзор на изградбата на автопатите, кои се дел од коридорите 8 и 10-д, ќе биде под лупа на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). По серијата истражувачки објави од медиумите, oд „360 степени“ денеска го упати следното прашање до ОЈО ГОКК:

„По сите информации објавени во јавноста за тендерот за избор на надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д, дали ОЈО ГОКК ќе отвори предистражна постапка по допрен глас, особено што дел од работите може да се (до)проверат само по институционален пат зашто новинарите немаа пристап до нив?“

Од Обвинителството за „360 степени“ одговорија дека отвориле предмет по допрен глас и дека тој веќе е распореден кај јавен обвинител.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатиштата, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“велат од ОЈО ГОКК.

повеќе

Back to top button
Close