Од јавно тврдење дека се обиделе да го поткупат за коридорот 8, Мицкоски се корегира, праќал јавна порака до криминалците!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за поткупот за Коридорот 8 изјави дека јавно ќе се бори против кирминалот и корупцијата во државата. На новинарско прашање при посетата на Македонска Каменица да коментира дека за неговата вчерашна изјава дека му било индиректно понудено мито да потпише за изградбата на Коридорот 8 со желеничка линија за Бугарија и дека тој овој обид да биде поткупен го пријавил во належните институции експресно доби одговор од Обвинитеството за организиран криминал дека кај нив таква пријава нема.

И одговорот одМВР не беше конкретен туку општ одговор дека министерството постапува по повеќе предмети за крииминал и корупција без конкретен одговор добиле или не дојава или пријава од премиерот дека некој се обидел да го поткупи.

Премиерот на денешното прашање за “поткупот“ не даде конкретен одговор дали и во која институција пријавил за обидот да биде подмитен  туку рече дека „Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што е тоа стар тендер, јавна набавка која ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив јавно да се борам со криминалот и корупцијата, и тоа е порака дека времето за криминалците во политиката заврши“.

Вчерашното тврдење на Мицковски дека се обиделе за Коридорот 8 да го подмитат преку комуникациски канали а не директно но тој како искусен сватил дека сакаат да го поткупат во јавноста предизвика интерес кој се тој или тие што се обиделе да го прават тоа особено од потврдата од Мицковски дека ова го пријавил во институциите на нашата држава. Изјавите од ОЈО ГОК  и неконкретната од МВР кои беа одговор на прашањата на медиумите за наводниот поткуп има ли и кој блефира околу „митото за премиерот“

Во денешната негова изјава тој иако прашан не ги коментираше изјавите на институциите дека пријава не добиле туку вчерашното тврдење дека бил жртва на подмитување го сведе на „порака која јавно ја пратил до крииминалците дека ке се бори со нив“.

Back to top button
Close