Од „МГ Фешн“ поднеле барање за градба, Богдановиќ не кажува дали ќе им го одобри

 

нвеститорите на комплексот „Гранд“, кој треба да се гради спроти „Холидеј ин“, поднеле барање за градежна дозвола во Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ потврди дека барањето е во електронскиот систем, но дека сѐ уште не е правосилно. На денешната прес-конференција тој не сакаше конкретно да одговори дали ќе даде одобрение, но нагласи дека ако нема правни пречки не му преостанува друг избор. Богдановиќ не прецизира ниту дали тој лично смета дека треба да се побара суспензија на Деталниот урбанистички план.

„Мојот личен став е дека треба да се ревидираат плановите, да се искористат сите можности, но да се знаат и штетите што може да настанат“ изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Вчерашната седница на Советот на Општина Центар, каде што се дискутираше за покренување суспензија на спорните детални урбанистички планови, беше прекината, но нема информација кога ќе продолжи.

На седницата градоначалникот Богдановиќ објаснуваше дека тој постапил по одлуката на Советот уште од декември, со која беше задолжен да поднесе барање за суспензија во Министерството за транспорт, но аргументираше и дека ако бараат суспензија на ДУП може да дојде до штета која ќе биде на товар на Општината.

„Ако се тргне во постапка за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект, може да се соочиме со штета. Иако немаме методологија за елаборатите, ние ги изработивме, ги наведовме нашите укажувања за недостатоци. За да се испорачаат елаборатите за мислење и за да се донесе конечна одлука за супспензија, треба да се добие мислење од Министерството за транспорт и врски, кое ја нема допрецизирано методологијата“, изјави Богдановиќ на седницата.

Советничката Јана Белчева-Андреевска нагласи дека градоначалникот веќе некое време се обидува да се оправда.

„Сето ова одолговлекување со неиспраќање на елаборатите што се изготвени од стручните служби, практично, се искористило за купување време, малку за замајување на јавноста, за да дојде до одобрување на проектот, да се овозможи чист терен за издавање дозвола за градба“, изјави Јана Белчева-Андреевска.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close