Од почетокот на војната исчезнале околу 15.000 луѓе, изјави советничка на Зеленски


Илјадници војници и цивили се пријавени како исчезнати откако руските сили ја нападнаа Украина на крајот на февруари, изјави Аљона Вербитска, советничка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

„Русија во моментов потврди дека заробила 3.392 Украинци, но во Украина има околу 15.000 исчезнати, од кои многу цивили”, изјави Вербичка за германскиот весник Redaktionsnetswerk Deutschland.

Ништо не се знае за судбината на тие луѓе, рече Вербитска, чија задача е да го следи почитувањето на правата на украинските војници.

Оваа нејаснотија е особено болна за роднините на овие лица, нагласи советничката

Back to top button
Close